Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје
Македонија денеска е домаќин на меѓународна конференција на која присуствуваат еминентни личности чие мислење е значајно за светските финансиски текови.
Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и на гувернерот на централната банка на Исланд и на вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија, како и на претставници од најголемата финансиска корпорција за управување со финансиски средства во светот - БлекРок.
Организарот на конференцијата е Народната банка на Република Македонија од каде велат дека овој настан е ретка можност за Македонија. Се работи за глобален настан на кој светската финансиска елита ќе разговара за глобалните макроекономски движења, глобалниот раст, инфлацијата, продуктивноста, геополитичките ризици, како и поставеноста на монетарните политики на меѓународно влијателните централни банки и нивните ефекти врз финансиската стабилност и пазарните движења.
Поканети се околу 200 гости од кои 80 се од странство. Конференцијата е поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија.
Конференцијата се организира во соработка со Комитетот за преобразување на Брентон Вудс.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово