Бизнис
15. April 2016 - 20:04

Светската економија слабее, задолженоста на максимум

Економиите во светот слабеат, задолжувањето на државите расте,  кризата се уште е присутна во  Грција, Русија, Бразил е Украина.  На пролетните средби на финансиските бастиони ММФ и Светска банка како главни ризици за раст на економиите  се посочени  бегалската криза во Европа, немирите во Сирија, ниските цени на нафтата и основните производи,  намалениот приватен капитал, климатските промени.  Токму затоа  Светска банка ги намалии  прогнозите за глобалниот раст  од 2,9 на 2,5%.  Ако не се најде брзо и итно решение , овие предизвици ќе имаат влијание врз сите земји, изјави претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким. Побарувачката за свежи пари рекордно се зголемува,  посебно кај посиромашните земји.

- Побарувачката за помош од Светска банка никогаш не била поголема. Проектиравме дека ќе  обезбедиме над 25 милијарди долари во заеми оваа година за помалку развиените земји, што е 10 милијарди долари повеќе отколку што имавме проектирано.  Вклучувјаќи го овие проекции, кредитите  од  Свретска банка ќе го достигнат  врвот од 150 милијарди долари за последните 4 години , изјави Џим Јонг Ким, претседател на Светска банка.

За да се спречи понатамошно забавување на растот, Меѓународниот Монетарен фонд со свои препораки.

- Препорачуваме фискални политики за поголем економски раст за сите држави, вклучувајќи и зголемени инвестиции во инфраструктурата. Се разбира постојат држави со висок долг што се зголемува, и кои треба да спроведат понатамошни фискални зацврстувања. Но останатите имаат фискален простор, и повеќето од земјите може да пресметаат со цел нивните фискални политики да бидат наклонети кон економски раст“, вели Кристин Лагард, директор на Меѓународниот Монетарен Фонд.

Челниците на двете институции се загрижени што случајот Панамски документи откри дека  богатие земји не сакаат да плаќаат даноци. Исто така велат дека продлабочување на кризата е можно доколку Британија излезе од Европската Унија.