Бизнис
9. January 2020 - 16:36

Светската банка додели кредит од 70 милиони евра за изградба и рехабилитација на 450км локални патишта

Пари за патишта има, фалат проекти за да може тие пари да се искористат. Искуството докажало дека општините немаат капацитет да изработат проекти кои можат да бидат финансирани, затоа Светска банка со грант од 1,1 милион евра им нуди  техничка помош. Односно 78 општини ќе добијат готова прокетна документација за подобрување на патиштата и улиците. За парите ќе може да се аплицира до март, а денеска комплетна документација добија првите 35 општини.

Сите општини во змејава годинава имаат на располагање вкупно 70 милиони евра за изградба и рехабилитација на 450 километри локални патишта и улици. Парите се кредит од Светска банка, а ќе се реализира преку Министертсвто за транспорт каде локалните самоуправи треба да ги достават проектите.

Сугарески најавува дека годинава ќе се интензивира изгрдбата на автопатот Кичево – Охрид, оптимист е дека пред туристичката сезона ќе бидат пуштени во употреба првите 30 километри на делницата Врбјани - Охрид.