Спорт плус
3. July 2020 - 10:23

Светската Асоцијација на спортски новинари (АИПС) го одбележа својот 96-ти роденден

 
Во услови на пандемијата на Корона вирусот, спортските новирани ширум светот преку видео конференција ги споделија своите видувања, за последниците врз оваа благодарна професија, како и идеите за справувањето со проблемите кои произлегоа со појавувањето на Ковид-19. 
 
Над 800 спортски новинари од 142 земји во светот учествуваа во првата Е-конференција на АИПС насловена како „Дали Ковид-19 влијае врз независноста и иднината на новинарите?“. 
 
Претседателот на АИПС, Италијанецот, Џани Мерло во своето обраќање истакна дека само со заеднички идеи спортските новинари може да ја заштитат независноста на професијата.
 
„Дискутирањето за проблемите и изнаоѓање решенија со претставници на спортските медиуми од петте континенти треба да го инспирира секој од нас, да ја заштити нашата професија и независност и да ги подобри нашите работни услови “, рече Мерло.
 
Првиот човек на светскиот олимпизам Томас Бах кој беше почесен гостин, во своето излагање ја истакна огромната улога која спортскиот новинар ја има во општественото живеење, нагласувајќи дека светот на спортот од  формирањето на АИПС претрпел големи промени, но најголемата сигурно е годинашната одлука на ИОК, односно одложувањето на ОИ во Токио за следната година. Но, солидарноста и заедништвото што ги покажаа спортските организации, спортистите и спортските новинари, се голема придобивка со која Бах верува дека заеднички ќе биде надмината оваа голема криза за светскиот спорт. 
 
Асоцијација која е формирана во Приз, пред почетокот на свеченото отворање на Олимписките игри во 1942 година, веќе брои над 9.500 членови од речиси свите земји во светот, меѓу кои од 2017-тата и Македонија е дел од големото светско спортско новинарско семејството.