Светска банка: Земјите од Западен Балкан со пораст од 2,6 отсто
Економскиот раст на Западен Балкан оваа година ќе изнесува 2,6 отсто, следната година 3,3 проценти, а во 2019 година 3,6 отсто, се наведува во годишниот извештај на Светска банка.
Во извештајот се наведува дека оваа година Албанија, Косово и Црна Гора забележале значаен раст, благодарејќи на големите проекти финансирани од директни странски инвестиции, но и поголемиот извоз кога станува збор за Косово.
Во Македонија и Србија растот се намалува. Во Македонија политичките превирања значително влијаеле врз потрошувачката и инвестициите, а во Србија, која е најголема економија во регионот, студената зима предизвика намалување на земјоделското производство и градешната активност, се наведува во извештајот на Светска банка.
Потрошувачката донела стабилен раст во Босна и Херцеговина, со стапка како во последните две години.
Во земјите од Западен Балкан, како што пренесува МИА, во првата половина од оваа година се отворени 230.000 работни места, што е пораст од 3,8 отсто во однос на истиот период минатата година, а состојбата е иста како пред избивањето на светската криза во 2008 година.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар