Бизнис
28. September 2015 - 19:44

Светска банка: Македонија меѓу земјите со најголем раст и број на нови работни места во регионот

Со проектиран раст од 3,2 отсто за годинава  и со најголемо намалување на стпката на неврабетност, Македонија во осмиот по ред извештај на  Светска банка за Југоисточна Европае е меѓу земјите со најдобри економски резултати.   Растатат  инвестициите, домашната потрошувачка,  а Македонија е нотирана и како земја со најголем пораст  на извозот.

Во извештајот, Македонија во регионот, има најголем пад на стапката на невртаботеност.  Зголемениот број на ново- отвоерни работни места дирекно влијаеа и на намалување на процентот на сиромаштијата, особено во периодот од 2010 до 2013 година  со што значително се подобрени  условите за живот и во идина  се очекува процентот на сиромаштија дополнително да опаѓа.

Во однос на финансискиот сектор Македонија стои најдобро во регионот. Кредитниот раст кој лани  се зголеми за 10 отсто продолжува и годинава, нефункцонланите кредити се под просек, јавниот долг е еден од најниските во регионот но со задолжувањето треба да внимаваат сите земји од Југоисточна европа особено  Црна Гора  Србија и Албанија чиј  долг изнесува  70 отсто од БДП.

Светска банка сугерира  сите земји да обрнат внимание на фискалниот  дефицит, да се продлжи со воведување на структурни реформи и со намалување на  невработеноста особено кај младите,  со цел приближување кон ЕУ стандардите.  Во однос на целиот регион,  банката очекува сите 6 држави, годинава да имаат позитивни стпаки на  раст што не беше случај лани.