Бизнис
27. September 2016 - 9:00

Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за ЈИЕ

Светска банка организира промоција на 10-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна Европа (ЈИЕ6: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија), со наслов “Издржлив раст во услови на сè поголеми ризици“.
 
 Регионалниот извештајот ќе го претстават Елен Голдстин, директор на регионот за Југоисточна Европа и Галина Андронова Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија и фискално управување во Светска банка, преку видео линк заедно со канцелариите на Светска банка во ЈИЕ6 земјите.