Бизнис
27. April 2016 - 19:07

Светска банка јасно порача: Македонија е наш стратешки партнер

Светска банка ги продолжува активностите во Макеоднија. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека банката е силен партнер на Македонија од 1994 година, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија.

-Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост од над 2 милијарди долари. Светска банка ги продолжува своите активности во Македонија во текот на политичкиот циклус, работејќи заедно со сегашната техничка влада во рамките на нејзиниот мандат. Сегашното портфолио се состои од осум инвестициски проекти, кои се во процес на имплементација, во изност од 378 милиони долари. Сите проекти финансирани од Светска банка, вклучително и првиот Проект за подобрување на општинските услуги, Проектот за развојн на вештините и поддршка на иновациите, Проектот за условени парични трансфери, Проектот за надградба на патиштата, Проектот за рехабилитација на патиштата, како и енергетскиот проект (ECSEE APL3) се во тековна имплементација, исплатата е на задоволитено ниво и се на пат да ги постигнат планираните резултати, стои во соопштението.

Последниот проект од јануари годинава за кој медиумите пишуваа дека е стопиран, банката соопштува дека ќе биде исплатен по изборите.

-Исто така, со проектот ќе се воведе грант компонента за подобрување на испорака на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници во општините во Македонија. Средствата наменти за првиот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП) моментално се исплатуваат на општините во Македонија, вклучително и компонентат од ИПА Руралниот инвестициски фонд, потпишан со Европската Унија во 2014 година. Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи на сила по завршувањето на парламетарните избори во земјата, се наведува во соопштението на Светска банка.