Балкан
5. September 2016 - 19:17

Светозар Маровиќ се спогоди со судот: Прифати 22 месеци затвор и парична казна од 50.000 евра

Високиот суд во Подгорица го усвои договорот за признавање на вината, што поранешниот висок функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, Светозар Маровиќ, го склучи со обвинителството. 

Маровиќ прифати затворска казна од година и десет месеци, парична казна во висина од 50.000 евра, како и на државата да и врати 1,1 милион евра.

Поранешниот висок функционер на ДПС е обвинет за повеќемилионски малверзации.