-->
-->
Светот запрепастен - доктори два часа оперирале мозок на погрешен пациент
-->

Четворица доктори се суспендирани од болница во Кенија , откако изврешиле операција на мозок на погрешен човек.
Според управата на болницата , пациентот што по грешка бил опериран , е во добра состојба и се опоравува . Во тек е истрага за настанот , а според министерството за здравство , ова е прв ваков случај во земјата. На социјалните мрежи илјадници луѓе со ужас коментираа за замената . Овој настан доаѓа по само шест недели откако во министерството било пријавенод ека во истата болница биле силувани родилки.
Директорот на болницата, Лили Корос, изјави дека болницата "длабоко жали за овој настан и има направено се што може за да ја осигури безбедноста и благосостојбата на пациентот за кој станува збор.”
Директорот на болницата, Лили Корос, изјави дека болницата "длабоко жали за овој настан и има направено се што може за да ја осигури безбедноста и благосостојбата на пациентот за кој станува збор.”
Таа информира дека четири лица - неврохирург, медицинска сестра, главна медицинска сестра и анестезиолог биле суспендирани.
Но, колегите на докторот протестираа против суспензијата,тврдејќи дека треба да се казни оној што ги измешал картоните.
Во меѓувреме, лекарски сојуз застана во одбрана на персоналот, со образложение дека болницата е "преоптоварена" поради недостиг на персонал и дека еден доктор извршува 10 до 19 операции дневно .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
