Живот
8. January 2020 - 11:47

Светот во шок: Во земјотрес исчезна најпознатата природна атракција на Порто Рико

Пунта Вентана, природниот камен срцевиден лак, еден од најпознатите природни симболи на Порторико и еден од најпопуларните туристички дестинации е уништен од земјотресот.

По илјада години, Пунта Вентана ја урна потрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер, кој Порторико го затресе по првиот, посилен земјотрес. Локалното население не можеше да верува што се случило, а Метеролошката лабораторија ИПРМ објави фотографија од природното чудо пред и после потресот што шокираше многу луѓе ширум светот.

Во земјотресот настрада 73-годишник кога врз него се урнал ѕид, а неколку луѓе се повредени и причинета е голема материјална штета.

Дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија на поголем дел од островот и нанесена е значителна материјална штета, известија властите и медиумите.

Гувернерката на Порторико Ванда Васкез прогласи денеска вонредна состојба и ја активираше Националната гарда, после низата земјотреси кои го погодија овој карипски остров, вклучувајќи и еден со јачина од 6,4 степени по Рихтерова скала.