Свет
20. September 2016 - 21:05

Светот во шок: Во Аргентина пронајден гробот на Хитлер?!

Аргентински археолози на приватен имот во сред шума 60 километри оддалечена од било кое населено место и првиот град Барилоче го пронашле гробот на Адолф Хитлер.

До овој имот  кој му припаѓал на директорот на „Мерцедес“  во Аргентина е многу тешко да се дојде поради тоа што е обиколен со 60 километри густа шума , единствен пристап  до имотот е преку малиот залив со брод , но, на околните брда се наоѓаат осматрачници за стражари.
Гробот е пронајден  во првите 70 метри  од густата шума на имотот и е украсен со орел и кукаст крст и на гробот има напишано„ ТУКА ЛЕЖИ АДОЛФ ХИТЛЕР ФИРЕРОТ НА ТРЕТИОТ РАЈХ“.

Археолозите кои го пронашле гробот веќе побарале од аргентинската влада  и сопственикот на имотот да им се дозволи ексхумација на остатоците и да се спореди ДНК на Хитлер Инаку сопственикот на имотот директорот на Мерцедес за Аргентина бил  еден од најголемите следбеници на нацизмот.
Во Аргентина во минатото живееле повеќе од 60 000 нацисти, меѓу кои има и многу од офицери виновни за најголемите злосторства по логорите за време на Втората светска војна.

18kxszcnrod3yjpg

Хитлер не се самоубил во својот бункер во Берлин што е потврдено и со ДНК на черепот кој се наоѓа во музеј во Русија, за кој Русите тврдеа  дека му припаѓал на Хитлер.

Черепот воопшто не е машки , туку е женски и најверојатно и припаѓал  на љубовта на Хитлер , Ева Браун.
Ова откритие доколку биде  потврдено комплетно ќе ја промени историјата  која досега сме ја учеле во училиштата . Во 2014 година ФБИ во јавноста објави повеќе од 700 тајни документи  во кои може да се види дека 20 години  по неговата наводна смрт трагале по Хитлер?

18ky17d9uafffjpg-1

Откако побегнал од својот бункер во Берлин, Хитлер преку подземни тунели стигнал до аеродромот Темпелтон кој бил 400 метри оддалечен од неговиот бункер . Тоа се случило седум дена пред фамозното самоубиство , последниот ден пред Русите да го освојат  тој аеродром.

Од овој аеродром на 21 април во 1945 година , 12 авиони полетале во непознат правец. Еден од  нив  стигнал во покраина Галиција , во Шпанија со која тогаш раководел Франко. Шпанскиот лидер бил докажан како најголем пријател на Хитлер,  кој од Германија добил милиони марки.

По пристигнувањето во Галиција , Хитлер на пристаништето Виго го чекале четири подморници кои него и најзначајните луѓе од третиот рајх заедно со нивните богатства ги однеле во Аргентина.

Хитлер во Аргентина живеел мирен живот се до смртта во 1984 година , што значи дека умрел во длабока старост на 94 годишна возраст.