Светот во шок: ТВ-ѕвезда силувана од двајца мажи
Британската полиција уапси двајца мажи осомничени дека силувале ѕвезда на телевизиско реално шоу. Не сакаа да го откријат идентитетот на девојката, но рекоа дека е позната личност. Таа тврди дека се разбудила на домашна забава и потоа сфатила дека била нападната. Таа ја повикала полицијата и веднаш добила лекарска помош.
Забавата се одвивала во близина на телевизиското студио каде што девојката снимила емисија претходно истиот ден. Полицијата уапси двајца мажи, еден на 20-годишна возраст и еден на возраст од 28 години, под сомнение дека ја нападнале ТВ-ѕвездата.
Тие инсистираат на тоа дека станува збор за секс во тројка со согласност на сите учесници. Во тек е полициска истрага и се испрашуваат вработените и гостите за забавата.
-Кога се разбудила, сфатила дека е нападната и веднаш побарала помош. Таа беше во лоша психичка состојба. Таа е познато лице и има многу телевизиски обожаватели”, вели учесник на забавата. Тој рече дека на забавата имало многу алкохол и дрога.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“