Живот
15. November 2017 - 11:50

Светот во шок поради оваа слика: Кога во болничкиот ходник го видов ова, по неколку часа почина татко ми!

Шерон Кол од Конкастер во Велика Британија последните денови од својот татко ги поминала во болница со него. Непосредно пред неговата смрт сподели фотографија поради која светот остана во шок.

Имено, нејзиниот татко почина во 67. година, а таа секој момент го поминувала со него.

-Седев покрај него и помислив како е многу необично што постојано покажува со прстот кон ходникот. Сето тоа се случуваше само неколку часа пред да почине, а повеќе не можеше ни да зборува. Изгледаше некако престрашено. Бев уверена дека тоа е само од лековите против болка па така не реагирав на предупредувањата, објаснува Шерон.

А потоа морала да оди до тоалет и видела чудна форма. Иако имала порив да побегне, решила да погледа малку подобро и било тоа форма на врана.

-Бев многу вознемирена, но морав да слика. Татко ми почина само неколку часа по оваа слика, а враните, како и гавранот се симбол на смртта. Прилично е чудно да се наиде на врана во болница.

Како што понатаму објаснува, решила оваа слика да ја сподели за да ги утеши луѓето кои се соочуваат со губење на саканата личност.

-Мислам дека ова е доказ дека некој или нешто смирувачко не чека на другата страна. Кога ги гледам овие слики се насмевнувам зошто знам дека некој ја презел грижата за него, вели Шерон.