Светот сочуствува со француската трегедија - 129 жртви и 350 повредени од кои 99 во критична состојба
Француската полиција идентификуваше тројца од седумината загинати терористи во Париз. Се работи за 29 годишниот Омар Исмаил Мостефаи со француско државјанство, родум од Алжир. Тој имал криминално досие за ситен криминал, но никогаш не лежел во затвор. Бил во Сирија пред две години, каде поминал неколки месеци. Засега не е потрдено, но полицијата се сомнева дека во нападот бил вклучен и еден од неговите браќа.
Другите двајца напагачи, Сиријци по националност, во Европа влегле преку Грција. Едниот од нив 25 годишниот Ахмед Алмухамед бил регистриран на македонско српската граница на 7 октомври каде побарал азил од властите на Србија. Според Фигаро мегу мртвите терористи имало и две момчиња на возраст од 15 и 18 години.
Пронајдено е и возилото кое го користеле терористите, во него се пронајдени неколку калачникови. Постојат теории, засега не потврдени, дека неколку напаѓачи успеале да избегаат, највројатно во Белгија. Белгиските власти веќе уапсија неколку лица за кои се сомневаат дека се поврзани со масакрот во Париз.
Француските истрачни органо потврдија дека нападите ги извршиле три координарани тима. Експлозивот кој терористите го носеле на појасот бил од домашна изработка. Се работи за нестабилна експлозивна супстанца што укачува дека смесата била направена во Париз.
Во меѓувреме во јавноста излегоа и нови видео снимки на престрелката меѓу терористите и полицијата пред театрот Батаклан , но и внатре каде беа убиени 89 луѓе. Официјалните бројки засега се најмалку 129 загинати, 350 повредени од кои 99 критично.
И додека Париз тагува, од Анталија каде се довршува Самитот на дваесетте најмоќни економски сили стигнуваат политички пораки за обединување во борбата против тероризмот.
Во мегувреме повеќето европски земји ги засилија граничните контроли и воведоа нови безбедносни протоколи за влез на бегалците на нивна територија. Полска објави дека веќе нема да прима бегалци по нападите во Париз. Од Варшава побараа од Ангела Меркел да признае дека нејзината политика кон бегалците е погрешна, наива и премногу идеалистичка.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар