Свет
11. March 2017 - 9:14

ОН: Светот се соочува со најголема хуманитарна криза по 1945 година

Светот денес се соочува со најгоелмата хуманитрана криза по 1945 година, бидејќи во само четири држави на 20 милиони луѓе им се заканува опасност да умрат од глад. изјави шефот за хуманитарни прашања на ОН, Стивен О’Брајан.

- Без колективни и координирани глобални напори, многу луѓе едноставно ќе умрат од глад, а други од болести повразни со неухранетоста, изјави синоќа О’Брајан во обраќање пред Советот за безбедност на ОН.

Тој поотенцира дека во моментиов итна хуманитарна помош во храна им е потребна на Јемен, Јужен Судан, Сомалија и на североисточните делови на Нигерија.

Според О’Брајан, состојбата е најкритична во Јемен, каде помош им е потребна на 18,8 милиони луѓе, што претставува две третини од населението во оваа држава.

Податоците на ОН покажуваат дека минатиот месец во Јемен над седум милиони луѓе „не знаеле кога ќе го имаат следниот оброк“, што е за речиси три милиони повеќе во однос на јануари.

- ОН и партнерите се подготвени да пружат помош, но за тоа се потребни пари и слободен пристап до конфликтните зони. Да бидам прецизен, потребни ни се 4,4 милијради долари само до јули, потенцира О’Брајан.

Тој додаде дека мора да се преземат и мерки за заштита на хуманитарните работници во конфликтните зеони, кои биле убиавни, а нивните простории биле цел на напади и грабежи од страна на припадници на вооружени грипи.

- Ваквата катастрофа може да биде спречена. Ако не биде пружена помош, многу луѓе нејаверојатно ќе умрат од глад, со што сите напори за политични решенија постигнати во последниве години, ќе бидат залудни, истакна О’Брајан во обраќањето.