Loading Video...
Свет
3. December 2020 - 16:38

Светот пред нов предизвик, активна кампања за потврда дека вакцината за Ковид-19 е безбедна

Обама, Буш и Клинтон веќе се пријавија да ја примат новата ковид вакцина. Ќе се вакцинираат пред камерите, веднаш штом вакцината ќе биде одобрена. Целта на екс претседателите е да ги убедат Американците да не се плашат, вакцината е безбедна и потребна. Но, така не мислат дури 42 проценти од американските граѓани. Според последното истражување на Галуп речиси половина од Американците се изјасниле дека нема да се вакцинираат, а само 20 проценти се апсолутно сигурни дека ќе се имунизираат.

И додека борбата за и против вакцината се води на социјалните мрежи, на традиционалните медиуми лекарите предупредуваат дека секое колебање може да доведе до пропаст и затоа мора да се работи на едукација на населението.

Се очекува Американците да ја одобрат новата вакцина на крајот од овој месец, а на маса се вакцините на Фајзер и Модерна. Во меѓувреме Британците ја  одобрија вакцината на Фајзер, а во прашање се денови кога таа ќе почне да се користи. Владата уверува дека вакцината е 95 проценти успешна и безбедна. И Русите уверуваат дека нивната вакцина Спутник пет е речиси 100 насто ефикасна. Престедателот Путин од следната недела им нареди да се почне со  масовна вакцинација, која ќе биде доброволна.