Loading Video...
Фудбал
25. September 2018 - 19:09

Светот го слави Модриќ, Каталонците и Португалците љубоморни?!

ФИФА на гала церемонија ги прогласи најдобрите во светскиот фудбал.  Како што се очекуваше по европскиот трофеј признанието најдобар фудбалер во светот го доби хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Модриќ покрај вицешампионската титула со Хрватска го освои  и трофејот со Реал Мадрид во лигата на шампионите. Играчот од средниот ред претходно го доби признанието од УЕФА а на мундијалот во Русија ја доби златната топка како најдобар играч на турнирот.

Во изборот Модриќ доби повеќе гласови од Кристијано Роналдо и Мохамед Салах кој ја доби наградата Пушкаш за најдобар гол во сезоната.

“По добивањето на наградата Модриќ не ги криеше емоциите и истакна дека оваа награда ќе ја подели со соиграчите од Реал и хрватската репрезентација но и со тренерите кои му помогнаа да се изгради на светско ниво.  Тука е и мојот идол, капитенот на тимот од 1998г Звонимир Бобан кој секогаш ме инспирира со што покажав дека може да се стигне на врвот со напорна работа. Соништата се остваруваат - изјави Модриќ.

На гала претставата за жал не присуствуваа Роналдо и Меси кои досега доминираа во изборот на најдобрите. Останува да се види дали Модриќ кон титулита на ФИФА и УЕФА ќе ја додаде и престижната награда Балон ДОР на  Франс Фудбал.Интересно е што португалските весници се упорни дека најдобар е нивниот Роналдо,додека пак за каталонските медиуми број еден во светот е Меси.