Македонија
15. July 2015 - 17:13

Светот ги осудува СДСМ ги бодри

Упадите, провокациите и навредите кои секојдневно ги прави Саше Политико не се толерираат никаде во светот. Оваа појава која се нарекува Хеклање, е санкционирана во сите земји од безбедносните служби кои ги засштитуваат политичарите.

Синоќа Ивановски ја попречуваше работата на репортерот на Сител, Александар Спасовски, кој ги извршуваше своите работни обврски. Македонската Асоцијација на Новинари, го осуди неговото однесување, и побара од полицијата да преземе соодветни мерки против Ивановски.

-Лицето Саше Ивановски вчера ја попречуваше работата на новинарот Александар Спасовски кој беше на професионална задача да известува од преговорите меѓу македонските лидери и меѓународните претставници за надминување на политичката криза. Воедно попречувањето во работата на новинарот Спасовски е и упад во програмата на телевизија Сител, се вели во соопштението на МАН, кои нагласуваат дека доколку полициските службеници синоќа си ја вршеле својата задача, Ивановски требало да биде санкциониран.

Освен новинари, Иваниовски секојдневно хекла уметници, интелектуалци, но и со членови на владата, градоначалници и пратениици. Еве би му се случучило, доколку сака да го хекла Британскиот Премиер.

Освен Ивановски СДСМ ангажираше уште неколкумина свои активисти, да провоцираат инциденти на настани. Западните општества казнуваат и острануваат  ваквите појави кои СДСМ ги стимулира. Независно каква е јавната личност, Хеклерите во светот си го добиваат своето.

Во Америка, Германија и Британија сосема е легитимно лицето кое ги попречува настаните и се однесува непристојно да биде отстрането од настанот кој го попречува, во најголем број на ситуации и со употреба на сила. И никој тоа не го скандализира. Едноставно се почитува јавниот ред и мир.