Loading Video...
Свет
17. April 2019 - 17:22

Светот брзо се солидализираше со Франција за обнова на опожарената катедрала Нотр Дам

Светот брзо се солидализираше со Франција  за обнова на опожарената катедрала Нотр Дам во Париз. Два дена по пожарот бизнисмени и верници од целиот свет собраа над 1 милијарда долари. Претседателот Макрон вети дека по обновата Нотр дам ќе биде уште поубава. Според експертите реконструкцијата може да трае повеке од 10 години, но фрнацускиот претседател сака  работите да завршат за 5 години. Причината за пожарот се уште не е позната. Во истрагата се вклучени над 50 луѓе. Се работи  и на проценка на штетата.  По пожарот, готското здание во старо 850 години остана без покривот и највисоката кула.