Македонија
7. December 2020 - 21:23

Светна новогодишната елка во Скопје

Новогодишните празнувања во Скопје симболично почнаа  вeчерва со светнување на елката на плоштадот „Македонија“.

Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека Град Скопје традиционално ја осветли новогодишната елка, но годинава без посебен настан поради вонредните околности.

– Среќен сум што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија, изјави Шилегов, апелирајќи  граѓаните присутни на плоштадот да уживаат во атмосферата со придржување кон протоколите и да мислат на своето и на здравјето на најблиските.