„Светлината на Света Гора“ на Џепароски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016
Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали.
Добитникот беше соопштен денеска на прес-конференција, а претседателот на жири-комисијата Вера Чејковска посочи дека книгата на Џепароски е посветена на верата, црквите и манастирите што ја означуваат.
- Оваа тема овде е развиена како прекрасен лирско-духовен патoпис за„духовната држава“ Света Гора, патoпис кој пулсира со ритамот на минатото, сегашноста и иднината, а кој истите ги престорува во убавина озрачена со светлина, истакна Чејковска.
Џепароски изрази благодарност за наградата посочувајќи дека книгата е инспирирана од неговиот претстој на Света Гора и посетата на сите манастири таму. Средствата од наградата најави дека ќе ги донира половина за настраданите од поплавите во Скопско, а другата половина за изградба на конаците во Бигорскиот манастир.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи