Живот
7. April 2019 - 20:34

Светлана виде како небото се цепи пред нејзините очи: Метеор снимен како паѓа некаде во Русија

На интернет се појави снимка од падот на метеорит на небо над Краснојарск во Русија. На снимката се гледа светлечки објект кој се гаси по два блесоци.

Според зборовите на еден очевидец, светол бело-зеленкаст објектр прелетал на небото и исчезнал.

„Тој прилично брзо леташе паралелно со земјата...Сето тоа не траеше повеќе од 5 секунди“, раскажа Светлана.

Меѓутоа, научниците се сложуваат дека не е во прашање доаѓање на вонземјани. Остатоци од метеоритот допрва треба да се пронајдат, но снимките од огнената топка веќе може да се анализираат.

Доцентот на Физичкиот факултет МГУ, астрономот Владимир Сурдин, потврди за телевизијата „Ѕвезда“ дека очевидци го виделе паѓањето на болидот (многу сјаен метеор).