Македонија
19. January 2022 - 14:16

Светиот Крст во Пехчево во рацете на 22-годишниот Оливер Андоновски

 Во Пехчево Светиот крст заврши во рацете на 22-годишниот Оливер Андоновски. Традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици и годинава се одржа на реката Писа во Пехчево како еден од најмасовните црковно верски манифестации. На церемонијата и претходеше водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ со свечена Богојавленска литургија нанлкја присуствуваа голем број на верници.

Градоначалникот Александар Китански на Андоновски му додели ЛЦД телевизор како награда од Општина Пехчево.

-Да си посакаме и оваа година што следи многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе. Испраќам благослов за здравје, среќа и бериќет на Оливер, а со светиот крст да ги однесе истите желби до сите домови во Пехчево, порача градоначалникот Китански.

Освен од Општината, како награда од компанијата Зегин, Андоновски доби и машина за перење на алишта, како и парична награда од свештенството при црквата „Св.Петар и Павле”.

За многубројните посетители на оваа манифестација Општина Пехчево обезбеди топли пијалоци.