Светиот крст се фрлаше на неколку локации во Карбинци и Пробиштип
Традицијата со положување на Светиот крст во водите на река Брегалница продолжи во Општина Карбинци. Во селото Долни Балван крстот го фати Виктор Саздовски. Тој посака годината да донесе многу здравје, среќа и берикет.
– Ова е втора година како се фрлам, пар пат го фаќам, вели Саздовски
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов посака мир, здравје, среќа на сите граѓани, а со подарок му честиташе и на среќникот кој го извади крстот од водите на Брегалница во село Долни Балван.
– На наше огромно задоволство оваа година ја продолжуваме традицијата која имаше прекин во претходната година заради оваа пандемија. Му честитам на Виктор, нека дава Бог здравје, среќа, бериќет и нека продолжи оваа традиција и во годините понатаму, рече Паунов.
Светиот крст во Општина Карбиници годинава се положуваше на три места Карбинци, Долни Балван и за прв пат во приватен базен во село Таринци. Во Карбинци среќникот кој го фати крстот е Ивица Мицевски, а во Таринци е Александар Андонов.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека празникот Богојавление-Водици го чествувале со свечена литургија во храмовите во Злетово и Пробиштип и со фрлање на светиот крст.
Годинешните среќници кои го фатија крстот се Бобан Јованов во Злетово и Владимир Заровски во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка