Македонија
14. February 2016 - 17:17

Свети Трифун и Свети Валентин одбележан и во Прилепско

Петнаесетина години со ред, во месноста викана ,,Склештен мост,,, прилепчани, доследни на вековната традиција и на верските адети, а во чест на денешниот празник ,,Св. Трифун,,, ги закројуваат лозјата. Овојвековен ритуал, проследене и со ѕаеднички ручек кој го организираат благочестиви верници, кои веруваат дека добронамерното момче Св. Трифун, со своите молитви ке им помогне годината да биде плодна, лозјето добро да роди, а виното да биде квалитетно.

Покрај праѕникот на виното, прилепчани денеска го слават и ,,Св. Валентин,,.празникот на љубовта. Тие велат дека во виното е вистината, а во љубовта исполнението, затоа подеднакво им се важни и двата светители.Празнувањето на ,,Св. Трифун,, и на ,,Св. Валентин,, во градот под Марковите Кули има долга традиција, која од година во година добива се поголема масовност.