Македонија
21. January 2020 - 10:51

Свети Сава понеделник неработен ден за граѓаните од српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава