Македонија
21. March 2019 - 16:32

Свети Николе нема да гласа на референдум за регионална депонија

Светиниколчани нема референдумски да се изјаснуваат по однос на прашањето, дали во нивната општина да се гради или не регионална депонија. Опозицијата во Советот предлагаше референдумот да биде одржан заедно со претседателските избори, аргументирајќи дека ова прашање е многу важно не само за оваа, туку и за следните генерации.

-Не е решение кое ќе биде и ќе трае година-две, туку решение кое што ќе трае 30 години.-изјави Бојан Митев, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот градоначалник на Свети Николе, пак им посочи дека токму поранешната локална власт ги одобрира и потпишала документите, а не почитувањето на одлуката значи и плаќање пенали за општината, која во моментот не е финансиски моќна тоа до го стори.

-Општина Свети Никое е должна да ги надомести сите тие трошоци кои што се направени околу проектот, од стратегија до елаборати за животна средина и финансиските импликации кон другите општини-изјави Сашо Велков, градоначалник на Општина Свети Николе.

Мнозинството во Советот гласаше воздржано, со што кај с. Мечкуевци и дефинитивно ќе се гради регионална депонија, која според студијата, чија изработка чинеше 850 000 евра е најсоодветна за Источниот и Северо-источниот плански регион.