Македонија
29. јуни 2017 - 9:00

Светецот кој го празнуваме денеска - за многу години

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јуни.

Денеска е Св. Тихон Чудотворец.

Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот. Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон. А по смртта на Мемнон, свети Тихон беше еднодушно избран за епископ на градот. Проповедаше меѓу јазичниците на Аматун и на многумина им ја откри светлината на Христовата вера. Неговите напори Бог ги овенча со дарот на чудотворство.