-->
-->
„Светците“ мора да продаваат за да останат во Лигата на шампиони
-->
Екипата на Пари Сен Жермен повторно е на удар Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради не почитувањето на правилата за финансиски фер-плеј. Финансиската на УЕФА повторно ќе го проверува буџетот на клубот по огромните трансфери кои ПСЖ ги направи во 2017 година.
„Светците“ во летниот преоден рок, го донесоа Нејмар и Килиан Мбапе за повеќе од 400 милиони евра, па Дани Алвеш кој пристигна во Париз како слободен играч од Јувентус. Но, во тој период ПСЖ немал ист приход на пари, па според пресметките сега им недостасуваат 80 милиони евра за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј.
Ова значи дека ПСЖ ќе мора да стави неколку играчи на трансфер листата. Се почести се шпекулациите дека најблиску до заминување од „Паркот на принцовите“ е Едисон Кавани, особено ако се има во предвид дека Уругваецот тешко ја прифати улогата на новата ѕвезда Нејмар, иако беа демантирани нивните несогласувања.
Пасторе пак се поврзува со враќање во Италија во редовите на Интер, а на излезна врата од ПСЖ се и Анхел ди Марија и Лукас Мура.
Ако не успее да ги исполни поставените услови, УЕФА би можела да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампиони следната сезона
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор