Живот
13. July 2020 - 17:02

Свештеник удира шамар на бебе за време на крштевање затоа што плаче

За време на крштевање свештеник удира шлаканица на бебе. Не е познато каде е снимено видеото, но може да се слушне дека свештеникот зборува на француски јазик.

Се гледа како детето плаче, а свештеникот се обидува да го смири и затоа што не успева, насилно му ја фаќа главата, а во еден момент му удира и шлаканица. По ова, мажот во просторијата, кој најверојатно е татко на детето, насилно го одзема детето од рацете на свештеникот.