Македонија
31. March 2017 - 17:26

Свештеници на МПЦ во велигденска хуманитарна акција

Во пресрет на најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден, прилепското Архијерејско намесништво при МПЦ, по деветти пат ја реализира големата хуманитарна акција за помош на социјално-загрозени семејства. Паричната и другите видови помош ќе се собираат во сите прилепски храмови, почнувајки од утре - “Лазарова сабота”, па се до празникот “Цветници”, по што собраните средства ќе им бидат распределени на 100 материјално најзагрозени семејства.
 
Инаку, ваква голема хуманитарна акција, Црквата организираше и пред Божикните празници, која наиде на голем одѕив кај прилепчани, така што тогаш беше доделана хуманитарна помош на 150 прилепски семејства.