Балкан
25. March 2017 - 10:19

Свекрвата на убиената Јелена се заканува: Ако јас проговорам, некој ќе оди во затвор!

Новите докази до кои дојде полицијата во истрагата за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, чие тело беше пронајдено на насипот Црвенка на 3 април минатата година, се поткрепени со искази на сведоците кои неодамна се повикана и на сослушување.

-Сведок кој за убиството не знае ништо и не можел многу да помогне со информациите за злосторството ги оставил истражитеите затечени откако по завршеното сослушување се присетил како неодамна ја слушнал Зорица Марјанович како со него, среде жестока расправија говори: „Само ти играј си, ако јас проговорам, некој ќе оди во затвор, сте нае*але“.

Односите во куќата во Борча се целосно нарушени по убиството на Јелена, рече сведок упатен во истрагата.

Тој исто така смета дека Зорица расправата ја водела со некој од домашните.

Инаку, Зорица одби полиграфско тестирање, а истражителите сметаат дека таа не е вмешана во убиството на Јелена, но дека знае многу повеќе од тоа што го откри.