Балкан
15. April 2016 - 14:52

Свекрвата на Јелена го одбила полиграфот, ќе и ја загрозeл натприродната енергија!

Според непотврдени информации кои се појавиле во медиумите, свекрвата на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, одбила да оди на полиграфско тестирање.
 
- Таа не ни сакаше да слушне за испрашување на детектор за лаги. Кога и го предложивме тоа, само одмавна со раката и рече дека тоа не смее да го направи бидејќи ќе и ја загрози натприродната енергија која наводно ја поседува. Нормално, тоа на сите им било сомнително - рекол извор на истрагата за Информер.
 
Иако резултатите од полиграфското тестирање не се валидни на суд, тие помагаат на полицијата во расветлување на убиството.
 
Инаку Владимир, свекорот на Јелена, како што пишуваат медиумите не го поминал полиграфското тестирање кога го прашале дали крие нешто во врска со убиството и тоа дали неговиот син на некој начин е поврзан со овој злочин.
 
Полицијата и форензирачите, со оглед на тоа дека и понатаму не ја исклучуваат можноста Јелена да убиената во куќата, вчера го испумпувале каналот во кој е пронајдено нејзиното безживотно тело а потоа неколку часа ја пребарувале нејзината куќа и дворот.