Балкан
26. April 2016 - 13:25

Свекорот и свекрвата на Јелена во полиција: „Новинарите се виновни за сè, тие му помагаат на убиецот!“

Владимир Марјановиќ, свекор на убиената пејачка Јелена, излегол пред полициската станица на Улицата 29. ноември и на новинарите им рекол дека медиумите се виновни за се, дека тие му помагаат на убиецот и дека неговото семејство не е виновно.
 
Тој излегол и заминал во непознат правец.
 
За потсетување, Зорица денеска околу 10 часот отишла во полициска станица на сослушување, во придружба на двајца инспектори. Досега, таа нема дадено изјава, па можно е да е пратена на полиграфско тестирање.