Македонија
28. August 2018 - 8:42

Сведоштво за тројното убиство во Дебар: „Утрото требаше да дојдат на веселба, но не се појавија“

Сопружниците Амит и Назмие Поцеста и нивната 14-годишна ќерка Анила ги загубија животите откако тројцата беа застрелани ноќе, додека спиеле во семејната куќа на ул. 1 мај во Дебар.

-Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици, по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба, изјавува роднина за Охридњуз.

Според сите соседи, тие биле многу мирни луѓе и не знаат кој би можел да стори нешто вакво.

Целиот текст прочитајте го на Охридњуз.