Македонија
19. December 2016 - 16:24

Сведоштво за ноќта помината на -25 степени во бездна на Шар Планина за да се спаси живот

На -25 степени, повеќе од 10 часа другарите го одржувале во живот повредениот планинар на Шар Планина. Лежеле врз неговото тело да не замрзне и со триење му ги загревале рацете. Дамјан Карловски еден од тројцата другари кои му го спасија живот на 17 годишното момче за Сител  ја раскажа тешката саботна ноќ во бездната длабока 500 метри.

Целта на младите планинари била да се искачат на Титов врв. Тргнале во 19 часот, но околу 23 40 Кристијан се лизнал и паднал во  бездна удирајќи со главата во карпите. Не можеле ниту веднаш да повикуаат помош, бидејќи немале мрежа на мобилните.

Помошта со хеликоптер стигнала дури  утрото во 10 часот.

Повреденото момче е хоспитализирано на КАРИЛ, а неговата сосојба се подобрува. На неговите храбри другари ништо не им било важно, освен да му го спасат животот и во иднина сите заедно да се искачат на највисокиот врв во Европа Монт Блан.