Македонија
15. February 2019 - 11:02

Сведокот кој се сеќава на сè: Станав и дојдов до шоферот кога забалежав дека автобусот има проблеми со правецот на движење

Еден од патниците кој бил внатре во автобусот кој вчера имаше сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, за албанските медиуми раскажал за тоа што доживел. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа шоферот ја изгубил контролата и излетале од патот.
 
- Пред се сочуство за загинатите. Во 16:15 часот излеговме од работа од министерство за економија, некаде околу 16:30 тргнавме на пат. Бев седнат во третото седиште на спротивната страна од шоферот и наеднш почна една врева. Јас станав и дојдов до шоферот кога забалежав дека автобусот има проблеми со правецот на движење. После ова автобусот излезе на другата лента на автопатот Тетово – Скопје за среќа немаше други возила. Се сеќавам на моментот кога автобусот се преврте и потоа кога автобусот застана излегов од прозор. Немам посериозни повреди, изјави патникот кој бил внатре во автобусот.