СВЕДОК НА СУДБИНАТА
Моќна и возбудлива приказна која нема да вè остави рамнодушни. Од авторите на најпознатите трилер драми, доаѓа ново сведоштво за една голема љубов од која се разнежнува душата и акција од која сопираат сетилата.
Азиз е наследник на богатото семејство Коркмазер, сопственици на голем холдинг, кој целосно се вложува во бизнисот, следејќи ги стапките на татка си Тахсин. Нo, амбициозниот Азиз не ги знае темните страни на семејството и другото лице на неговиот татко. А, не е ни свесен за задкулисните планови на Керим, посвоениот син на семејството, кој се надева дека ќе го тргне Азиз од патот и ќе го превземе бизнисот.
Во опасната игра за пари и моќ случајно влегува и младата и скромна Фериде. Таа ќе биде сведок на едно убиство кое Азиз ќе се обиде да го заташка, но тука е вмешан и нејзиниот брат, па затоа девојката е приморана да молчи. Азиз се вљубува во убавата девојка и ќе направи сè за да биде отпуштена од работа за да ја вработи во неговата компанија. Тој ја сака, а таа навидум го мрази.
Два сосема различни света на чекор да се спојат кога најмалку очекуваа. И двајцата ги зближуваат големите тајни од минатото заплеткани во црнилата на нивните семејства. Тајни кои ќе донесат лавина на пресметки со подземјето и тајни кои ќе ја стават љубовта на тест кога вистината ќе почне да испливува на површина. Доаѓа време за наплата на сметките во кое никој нема да биде поштеден. Време во кое една игра ќе стане пресудна за спас на вљубените и разоткривање на сенките од минатото. А токму таа девојка, сведокот на судбината, го има клучот за да стави крај на таа игра и да донесе нов почеток за нова љубов и мир.
Ново на Сител
-
Хаос на „Табановце“: Огромна колона возила за влез во Македонија | ВИДЕО
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за правда
-
Пукање на скопска обиколница
-
Обид за силување на жена во Куманово
-
Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник
-
СДСМ: Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, тоа е факт
-
Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија
-
Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце