Балкан
10. October 2017 - 9:46

Сведок кој ќе биде кобен за Зоран - другарката на Јелена може да ја запечати неговата судбина

Зоран Марјановиќ, кој е осомничен за убиството на неговата покојна сопруга Јелена Марјановиќ и понатаму е во затвор, а наскоро се очекува и сослушување на сведоците кои на 16 октомви ќе ги кажат своите искази пред судот во Белград.

Како што се дознава неофицијално, меѓу првите сослушани ќе биде дадилката на малата Јана, Ленка Ѓ. која последна, не сметајќи ги членовите од семејството Марјановиќ, пејачката ја видела во живо.

Но, во истрагата за убиството се појавил и нов сведок чии сознанија додатно фрлаат сомнение врз сопругот Зоран.

Станува збор за другарката чие име се чува во тајност. Телефонскиот разговор помеѓу нив две може да ја запечати судбината на Зоран, затоа што другарката на Јелена е убедена дека Јелена е убиена еден ден претходно и дека Зоран лажел за нивната посета на насипот.

Да се потсетиме, пејачката е убиена на 2 април 2016 година во Борчи, но и понатаму не се знае кој е нејзиниот убиец.