Македонија
18. December 2019 - 13:21

Сведок: Фуркан ми рече убивме човек, ја погледнав Ангела таа само ми потврди

Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018 година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро. 

По одредено време, Фуркан Али и рекол дека убиле човек, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“.

Сведокот додаде дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и не делувале воопшто вознемирени вечерта.