Македонија
25. јуни 2018 - 16:19

Сведочење на Хаки Азири во Монструм - на снимка признава убиство, во судница негира

Судот ја презентираше снимката од исказот на обвинетитот Хаки Азири за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Пред истражен судија пред 6 години, Азири вели дека на 12 април со својот автомобил ги превезувал првообвинетите Али Демири и Африм Исмаиловиќ од автопатот кај Смилковското езеро до својот дом, а тие му признале дека извршиле убиство.

Во 19.30 договорот беше да ги чекам на обиколница. Околу 20 часот стигна опелот и застана зад мене. Тогаш во мојот автомобил влегоа Алил Демири И Африм Исмаиловиќ. Тие немаа оружје. Имаа црни темни тренерки, црни капи и ракавици. Ги прашав сто бидна, а тие ми рекоа убивме човек. Таа вечер не можев да спијам. Постојано бев опседнат со тоа што се случило, имав кошмари и ослабев 20 килограми. Сега кога го давам исказот мене ми е полесно и чувствувам олеснување,вели Азири, на видео снимката, пред 6 години, но денес тврди дека ваквиот исказ го дал под притисок и закани од полицијата.

Вистината за петкратното убиство, СЈО на следното рочиште ќе ја утврдува и со испрашување на загрозен сведок, најверојатно без присуство на јавноста.

Повеќе од два месеци предметот Монструм е во рацете на Специјалните обвинители, откако во ноември минатата година Врховниот суд ги укина 6-те доживотни затворски казни.

Судењето почна од почетокот, но со непроменето обвинение и истите обвинети лица на кои со решение од највисокиот суд притворот им беше заменет со мерки на претпазливост.