Македонија
10. March 2017 - 9:47

Свеченост по повод 25-годишнината од преземањето на караулата кај Крива Паланка

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во караулата „Рамна нива“ во близина на Крива Паланка ќе се обрати на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од припадниците на Армијата на Република Македонија и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница.

Со свеченоста се одбележува и денот на Командата на резервните сили на АРМ.