Свечено отворање на Саемот на книга
Над 80.000 книги на повеќе од 80 издавачи ќе бидат на продажба на 29. Меѓународен саем на книгата кој на простор од 4.000 метри квадратни во првата саемска хала вечер ќе биде свечено отворен.
Саемот на книга ќе биде отворен за посетители до 10 април во временски период од 10 до 20 часот.
Скопски саем го организира саемот на книга во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи од Македонија. Покрај најголемите домашни издавачи, присутни на саемот на книгата ќе бидат и издавачи од Србија, Црна Гора и од Албанија, а Шведска ќе биде претставена преку својата Амбасада со штанд за промоција на литературата за деца.
Сања Кондарко од Скопски саем рече дека саемот на книгата е најголемата културна манифестација во Македонија и меѓу најпосетуваните саемски манифестации.
- Тој е концентрација на домашни и на странски издавачи од регионот и нуди избор за сечиј вкус и за сечиј џеб - современа и класична литература, белетристика, научни изданија, учебници и енциклопедии, училишни помагала - понуда за секого и за сечија возраст. Издавачите најавуваат пристапни цени и попусти до 70 проценти. Покрај штандовското претставување на издавачите, ќе има и богата програма на промоции на нови дела и автори. Најавени се шеесетина промоции во седумте саемски дена, а ќе има и трибини и дебати, рече Кондарко.
Меѓу промотивните настани ќе биде и претставувањето проекти од областа на европските интеграции во соработка со Министерството за култура, на 6 април, и презентација на поетската платформа Версополис во соработка со Струшките вечери на поезијата.
Новина годинава е што изложбено-продажниот дел на саемот е проширен и во втората хала ќе биде претставена литературата за деца и млади и ќе има детско едукативно катче (игротека).
Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје