Свечено одбележан Денот на ослободувањето на Богданци
Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци, денеска општина Богданци свечено го одбележа Денот на ослободувањето,10 октомври.
На свеченоста присуствуваа делегации од општината, боречката организација, политичките партии, бизнис заедницата и здруженија на граѓани кои им оддадоа должна почит на загинатите за слободата на Богданци.
Предводникот на боречката организација, Митко Чакалов, во своето обраќање истакна дека никогаш нема да се заборави борбата на луѓето што загинале за нашата слобода, дека ќе се почитуваат нивните дела и дека ќе се продолжи по патот на нивниот сон за слободно Богданци.
По повод прославата на општинскиот празник во Богданци,десетина дена во Домот на културата ,,Бранд Петрушев“ се изведуваа културни и музички програми од страна на ученици и културно-уметнички друштва,а беа организирани улични трки и други спортски настани.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море