Македонија
10. October 2016 - 19:38

Свечен ручек по повод Светскиот ден на бездомништво

Поради имотно правни, семејни проблеми животот на Хари добил неочекуван пресврт.

Животната судбина го оставила без дом и покрив над главата.

Тој веќе 6 години е бездомник и помош добива од волонтерите на Црвениот Крст. Хари е задоволен од грижата. На овој светски ден на лицата бездомници,  тој порача, сите кои имаат желба и можност да донираат за оваа група сограѓани.

Со слична судбина е и Таир, кој работи како бербер и повремено престојува во пунктот.  Тој порано  бил добро ситуиран, работел,   но пред 4 години животот сменил друг тек.

Само во СКопје неофицијално има повеќе од 300 бездомници. Најчести причини поради кои останале без покрив над глава се пороците, но и нерешени имотно правни односи, семејни проблеми. Оние кои се регистрирани и доаѓаат во пунктот се околу 50тина граѓани. Според координаторот на пунктот, потребно е да се отворат повеќе прифатилишта и транзитни центри каде тие луѓе би ја добиле потребната помош.

Околу 100 милиони граѓани во светот се бездомници.Македонија според бројот на лица од оваа категорија граѓани,  се наоѓа на 12то место во Европа.