Свет
12. October 2020 - 19:49

Сваминатан: Повеќе од 180 земји се вклучија во финансирањето на вакцините против коронавирусот

Повеќе од 180 земји во светот ветија дека ќе учествуваат во напорите на Светската здравствена организација (СЗО) за финансирање на вакцините против Ковид-19, што ќе бидат дистрибуирани праведно и на богатите и на сиромашните земји, изјави главната научничка на СЗО, Сумија Сваминатан.

Бројката, која Сваминанатан денеска ја соопшти на медиумите, претставува зголемување во однос на 170-те земји, вклучувајќи ја и Кина, што беа објавени во петокот од Алијансата за вакцини ГАВИ, која соработува со СЗО во финансирањето на глобалниот план за вакцинација КОВАКС.