Македонија
2. May 2018 - 19:37

Свадбените пирошки ги затруле гостите - нови случаи на труење во штипско

Осум нови случаи на затруени свадбари од втора свадба во Кочани, побарале медицинска помош на инфективното одделение во штипска клиничка. Меѓу нив се и невестата и нејзините родителим кои иако покажувале симптоми на затруенотст, негирале дека труењето е резултат на храната која била послужена на. Сепак,  анализите на примероци од храна со кои се затруле 5- мината свадбари од кочанското село Тркање потврдија присуство на ентеро патогени бактерии. Од центарот за јавно здравје во Кочани информираат дека резултатите покажале присуство на голем број бактерии од видот салмонела ентеритидис и ентеробактериаци, во веќе подготвените и замрзнатите пирошки со пилешка шунка, кај филот за пирошки и кај смесата од јајца со презла. Единствено исправнa за исхрaна била свинската шунка.

- Резултатите од испитувањата веќе се доставени до инспекциските служби, кои го затвориле објектот во Кочани каде се приготвувала храната, а потоа доставувана во рестораните каде се одржувале свадбите. Иако беше најавена прес конференција на Центарот за јавно здравје во Штип, се уште никој од  надлежните не излезе јавно да проговори за труењето на 20-тина лица.-стенд ап

Кочанската фирма која ги приготвила пирошките од кои се затруле кочанчани е истата која доставила храна пред две седмици на 3 свадби во Штип, а 16 лица завршија на инфективно одделение во штипската клиничка болница. Од таму велат дека засега сите хоспитализирани затруените лица се во стабилна здравствена состојба.