Бизнис
11. March 2021 - 20:48

Свадбарските маси повторно пред Влада- угостителите на нов протест

Со маси и свадбен декор организаторите на прослави повторно на протест пред Владата.  Ги повторија нивните барања- да работат според правилата по кои фунцкионираат останатите кафани.  Велат затворени се речиси една година и  во прашање е доведена нивната егзистенција. Бараат средба и со премиерот Заев. 

Заменик министерот за здравство Хасани пак вели дека го разбира нивното барање , но додека не се подобри епидемиолошката слика смета дека нивните објекти  треба да останат затворени.

Министерот Бектеши   уверува дека  ќе бидат финансиски подржани за да ги задржат вработените.

Ако не им дозволат да ги отворат објектите ќе продолжат да протестите. Но наместо пред Влада,  не се исклучува можноста тие да бидат со блокирање на автопатите низ државата.