Македонија
5. July 2017 - 16:28

Свадба за 5.000 гости - се е подготвено за Галичката свадба

Невестата Тања Чаловска и зетот Бошко Лепчески ќе го кажат судбоносното ДА на годинешната Галичка свадба.

Двајцата потекнуваат од ова живописно место, а се запознале пред седум години токму во Галичник.

Велат дека ги знаат свадбарските обичаи оти подолг период се дел од манифестацијата.. 

-Веќе 15 години учествував на Галичката свадба и имав желба да бидам невеста. Остварување на мојот сон е тоа што ќе ја продолжам традицијата на моите предци, вели Тања Чаловска, невеста на Галичка свадба. 

-Задоволство и чест е да се продолжи вековната традиција на обичаи и песни во едно библиско место како што е Галичник, изјави Бошко Лепчевски, зет на Галичка свадба. 

Од месната заедница Галичник велат дека манифестацијата е дводневен театар на отворено.. Со неа се чува традицијата на Петровденските свадби кои во минатото ги правеле печалбарите од мијачкиот крај..

44-то издание на Галичката свадба ќе се одржи на 15-ти и 16-ти јули.. Се очекува манифестацијата да ја следат над 5 илјади гости од земјава и странство.